Утрински Весник
Македонија

Груевски на слободата, ВМРО-ДПМНЕ со чисти документи за белата палата, Апелација ја потврди ослободителната пресуда за Талир 2

607210260 1431244648364795 4652656454708123218 n.jpg

Скопскиот апелациониот суд денеска ја потврди судската пресуда на првостепениот суд по предметот Талир 2.

Тоа значи дека екс премиерот Никола Груевски е ослободен од обвинението но и дека сега се чисти документите за централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ.

,,Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-711/26, во јавноста познат како „Талир“, по одржана нејавна седница на ден 26.08.2026 година, разгледување на списите на предметот, а имајќи го предвид и предлогот на Вишото јавно обвинителство Скопје, донесе пресуда со која жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје ја одби како неоснована и ја потврди пресудата на Основниот кривичен суд Скопје.

При постапувањето и одлучувањето, Судот оцени дека преземените дејствија од страна на обвинетиот Н.Г. од С., како одговорно лице во правното лице, се во рамките на неговите овластувања и не се изведени докази од страна на Основното јавно обвинителство Скопје дека постапувањето на обвинетиот е спротивно на Законот за финансирање на политичките партии. Во текот на постапката Основното јавно обвинителство Скопје, како овластен тужител, не докажал надвор од разумно сомневање дека ГП Бетон имал својство на субјект кој во моментот на склучување на договорите со политичката партија, вршел јавни услуги во смисла на горенаведениот закон, така што не постоела законска забрана за донирање средства од негова страна на политичката партија, ниту пак постоела обврска на обвинетиот како одговорно лице на политичката партија, тие средства да ги врати, информираат од Апелација.

Можете да прочитате

Филипче прашува: Кој гарантира дека земјоделците нема да останат без вода заради дата-центрите?

Лефков: Филипче да не се фали со постапки на обвинител на СДС и ДУИ, вакви одлуки му штетат на патот на Македонија кон ЕУ

Започна втората фаза од автопатот Скопје – Блаце: 10,5 километри ќе се градат четири години