Утрински Весник
Македонија

Груби се извини и претстави нов трик за избегнување на блокадата од опозицијата: Предлог – законите за Коридорите 8 и 10 ќе бидат со европско знаме

Груби се извини и претстави нов трик за избегнување на блокадата од опозицијата: Предлог – законите за Коридорите 8 и 10 ќе бидат со европско знаме

Вицепремиерот Артан Груби денес пред јавноста претстави нив трик на Владата со кој очекуваат да се избегне очигледната блокада на предлог – законите за коридорите 8 и 10 д во Собранието. Извести дека денес Владата усвоила пет предлог-закони кои ќе бидат со европско знаменце.

dobivaj vesti na viber

„Увидувајќи ја очигледната блокада од опозицијата Владата денес усвои пет предлог закони кои ќе ги достави до пратениците. Со оглед на фактот што ЕУ го додаде на мапата коридори и Коридорот 8, како и неговото геостратешко значење заедно со Коридорот 10 и кракот 10 д и дека за овие закони веќе подолго време во нашата јавност се води дебата и во Собранието и во Владата и во медиумите, одлучивме законите да се предложат со европско знаме. Ги замолуваме пратениците да се откажат од блокади и да не ги поскапуваат автопатиштата со над 150 милиони евра, пари на граѓаните и да не ги загрозуваат националните стратешки проекти само заради дневна политичка агенда. Од пратениците зависи дали ќе биде побрзо и поевтино или поспоро и поскапо. Ние, сите заедно во Владата сме за опцијата поевтино и побрзо“, рече вицепремиерот Груби.

Кажа дека на министрите на средба со „некоја група од интерес“ им било укажано дека направиле ненамерна грешка во претставувањето на договорот со „Бехтел и енка“ пред јавноста, за што тој денес на прес – конференција во Владата се извини.

„Најискрено да се извинам на новинарите и на јавноста ако не сме успеале во целост, доволно јасно да ги претставиме одредбите од договорот“, рече вицепремиерот Групи.

Тој и денес објаснуваше дека измените на законите за олеснување на изградбата а коридорите не ги побарал ниту „Бехтел“ ниту „Енка“ ниту пак двете компании заедно туку ги бараат нашите институции за изградбата да биде побрза и поевтина.

Можете да прочитате

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри

Александар Димитријевиќ нов генерален секретар на СДСМ, еве кои се потпретседатели

Следната недела разговори за зголемување на минималната плата