Утрински Весник
Македонија

Груби до Османи: Го поддржуваме надминувањето на спорот со Србија преку признавање на Косово

Груби до Османи: Го поддржуваме надминувањето на спорот со Србија преку признавање на Косово

Со високи државни почести во Собранието и во Владата, ја пречекавме денес претседателката на Република Косово, Вјоса Османи, напиша на Фејсбук првиот вицепремиер Артан Груби.

dobivaj vesti na viber

„Во решавачките моменти за европската иднина на нашите земји, повеќе од важно е зајакнувањето на соработката и консолидирањето на нашите дејствија на патот кон реализација на реформите.

Го изразивме нашиот став и поддршка за успешно надминување на спорот помеѓу Косово и Србија преку дијалог и принципот на меѓусебно признавање, исто како што и Република Косово го поддржува нашиот процес на дијалог со Република Бугарија и усвојувањето на уставните измени. Заедно мора да го забрзаме чекорот кон Европа!“ напиша Груби.

Можете да прочитате

Речиси 1.000 пожари на возила од 2022 до 2026 година

Мицкоски му ја честита победата на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија

Пронајде 4.000 евра, но избра да биде чесен – Огнен доби признание