
Граѓанската опција за Македонија ГРОМ е згрозена од некултурата, дрскоста, безобразието и малограѓанштината на таканаречената министерка за финансии Гордана Кочоска Димитриевска.
Незапамтено во историјата на македонската политика, „ти немаш право да зборуваш за семејство зошто немаш деца“, квазиминистерката за финансии Гордана Кочоска Димитриевска без трунка срам на најодвратен начин од говорница во Собранието ова и го рече на пратеничката Славјанка Петровска.
Замислете каква дрскост од министер кон пратеник.
Ова е уште еден доказ дека извршната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ секој ден станува се позабегана и побезобразна, заборавајќи ги 2016, 2017 и 2018 година кога беа помали од махово зрно, а сега со полн капацитет и го демонстрираат својот беозбразлук.
Гордана Кочоска Димитриевска е без партиски кредибилитет и активизам и без стекната политичка култура. Единствена референца за функцијата што ја има е фактот што е пријателка од бизнис релациите на Мицкоски.
Нејзиниот речник е несоодветен за министер во влада и затоа истата треба да си поднесе оставка. Таа не е достојна за извршување на оваа функција.