Утрински Весник
Економија

ГРОМ: Се противиме на планот на Мицкоски и Славески за укинување на вториот пензиски фонд и префрлање на парите од истиот во првиот пензиски фонд

Soopshtenie Grom.png

Соопштение за јавност на ГРОМ:

Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ најостро се спротивставува на заложбата на премиерот и гувернерот на Народната банка за укинување на вториот пензиски фонд и префрлање на парите од истиот во првиот пензиски фонд.


Откако премиерот Мицкоски се задолжи една милијарда во Унгарија и непродуктивно ја потроши за правење тротоари и плоштади, полека, но сигурно, се исцрпуваат можностите за фрлање лопати и сечење ленти. Лопаташтвото е единствената негова политика, па затоа сега му треба нова милијарда, не водејќи сметка за најстратешкиот и еден од најважните системи во државата, покрај безбедносниот и здравствениот, а тоа е пензискиот систем.

Да потсетиме, оваа реформа и формирањето на вториот пензиски фонд се направени како резултат на долгогодишна анализа на ММФ и Светската банка. Истите анализи покажуваа дека ако не се реформираме, за 30 години ќе треба целиот државен буџет да го даваме за пензии или, пак, драстично да се намалат истите.

Првиот пензиски столб е генерациски. Тоа значи дека од вашите придонеси се исплаќа пензијата на вашите родители, а со придонесот уплатен од вашиот син или ќерка ќе се исплаќа вашата пензија. Во случај на смрт на осигуреникот во првиот пензиски фонд, парите се губат, а во вториот тие му припаѓаат на семејството и истите средства се зголемени со капитализирана камата. Во првиот пензиски систем нема камата на средствата.

Славески и Мицкоски овие пари не смеат да ги пипнат, бидејќи тие се приватна сопственост. Тоа е исто како да посегнете по штедните влогови на граѓаните во комерцијалните банки. За да дојдеме до ова дереџе, вината е исклучиво и само исклучиво кај раководствата на ВМРО-ДПМНЕ.

Прашуваме: откако е воведен вториот пензиски фонд, на 01.01.2006 година, колку пати ВМРО-ДПМНЕ направи законски измени со кои сè повеќе и повеќе се зголемуваше дефицитот во истиот, само и само популистички да им се додвори пред избори на одредени целни групи?

Па така, првиот удар е нанесен кога ставката на придонес за ПИОМ од 23% е намалена на 18,8%. Тоа значи годишно 4,2% помалку приходи во фондот. Колку пати ВМРО-ДПМНЕ предизборно вметнуваше во фондот пензиски стечајци и технолошки вишоци, а за истите придонеси во фондот не беа уплатени? Кој дозволи полицајците да одат во пензија со најдобрите 10 години, а на сите останати осигуреници да им се зема просек од 40-годишното работење? Кој зголемуваше пензии предизборно надвор од законски пропишаната формула?

И што сега?

Одговорот е: олеле мајко, немаме пари.

ГРОМ најостро се спротивставува на каква било интервенција во вториот пензиски столб, затоа што средствата што ќе ги земат ќе ги потрошат за две години, а потоа идните генерации нема да имаат ни третина од денешните пензии. Тоа значи дека ќе бидат социјални случаи.

Ова јасно укажува дека ВМРО-ДПМНЕ цело време зборува за стратешки интерес, а со своето однесување го загрозува истиот. Ние тврдиме дека поголем стратешки интерес од стабилни пензии на долг рок не постои.

Неодговорноста, популизмот и расипништвото се фабричка маана на владејачката партија. Секој нов ден поминат на власт со овие луѓе е ненадоместлива штета за иднината на нашите деца.

Можете да прочитате

СДСМ: Буџетот е празен – нема да има пари за пензии, загрозен е и вториот столб

Левица: Владата на Мицкоски го подготвува теренот за враќање на „Иловица – Штука”

Мицкоски: Со Чебрен и Галиште драматично ќе се зајакне стратешката позиција на државата, не само за електрична енергија, туку и акумулација за вода и туристички