Утрински Весник
Македонија

Гром предизивка пожар во Бајловце, општина Старо Нагоричане

20240725094330 Big 730x400 48 E1721895399639.webp.webp

Гром предизвикал пожар на сува трева и шума во село Бајловце, општина Старо Нагоричане, информираа денеска од регионалниот центар за управување со кризи Куманово и од Територијалната противпожарна единица на Старо Нагоричане.

-На пожарот кој се случил вечра интервенираа противпожарна екипа со двајца пожарникари и возило, тројца припадници на полициската станица Старо Нагоричане и десет мештани од селото, изјави командирот на ТППЕ Старо Нагоричане, Далибор Трајковски.

Од РЦУК Куманово информираат дека причина за пожарот е гром. Пожарот избувнал во 16: 20 часот, а бил изгаснат во 20:15 часот.

Можете да прочитате

Турски државјанин уапсен на ГП „Богородица“ возел со фалц зелен картон

МНР со осуда за палењето автомобил на бугарската амбасада

Запален дипломатски автомобил пред бугарската амабасада во Скопје