Утрински Весник
Македонија

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР ја промовираа коалицијата „Храбро за Македонија“

Images 6.jpg

Политичките партии ГРОМ- Граѓанската опција за Македонија, Интегра, Македонска конзервативна партија и ПЦЕР – Партијата за целосна еманципација на Ромите потпишаа коалициски договор за заеднички настап на претстојните парламентарни избори, а првиот човек на ГРОМ и претседателски кандидат Стевчо Јакимовски ги соопшти и носителите на коалицијата која ќе се вика „Храбро за Македонија“ . Носител на коалицијата во изборнат единица 1 ќе биде д-р Добрила Андоновска, специјалист за пластична хирургија, во 2 изборна единица ќе се трка професор д-р Љупчо Ристевски, во изборна единица 3 ќе биде д-р Јордан Николов, доктор по ветеринарна медицина, во четворката носител е Ружица Николова, менаџер, во изборна петка носител е Самка Ибраимовски, диполомиран економист, а во изборна единица број 6 ќе биде Зоран Софревски, електротехничар од Гостивар.

Можете да прочитате

Мицкоски: Шокирачки се политичките одлуки на Врховниот суд за модуларната болница, Ласкарци и редица други случаи

Каранфилова-Пановска: Мицкоски изнесе брутална лага на надзорната расправа за Алта банка, Обвинителството мора да постапи

Обвинителството ќе постапи ако утврди елементи на кривично дело за Алта банка, Савески не открива дали е отворена предистражна постапка