Утрински Весник
Свет

Грета Тунберг уапсена во Лондон за време на протест

Greta tunberg.jpg

Климатската активистка Грета Тунберг беше уапсена во центарот на Лондон додека учествуваше на демонстрации во поддршка на штрајкувачите со глад од Палестинската акција. Лондонската полиција соопшти дека 22-годишната Тунберг е приведена поради истакнување транспарент во поддршка на забранета организација, што е спротивно на член 13 од Законот за тероризам од 2000 година.

Според сведоци и видео од протестната група „Затвореници за Палестина“, Тунберг држела знак со порака против геноцидот и во поддршка на акцијата на групата пред канцелариите на „Аспен иншуренс“, кои обезбедуваат услуги за израелската компанија „Елбит Системс“. Пред апсењата, двајца активисти испрскале црвена боја на фасадата на зградата, по што полицијата интервенирала.

Можете да прочитате

Фон дер Лајен предложи Канада да стане прва придружна членка на ЕУ

Белорусија започна воени вежби во близина на Полска и Литванија

Саудиска Арабија ги прекинува испораките на нафта кон Европа