Утрински Весник
Спорт

Грем Потер се враќа како тренер на Ница?

Грем Потер се враќа како тренер на Ница?

Грем Потер би можел да се врати на тренерската професија веќе следната сезона, откако францускиот тим Ница е сериозно заинтересиран за неговите услуги, пренесе „Л’Екип“.
48-годишниот стратег ја започна оваа сезона како шеф на Брајтон, пред да прејде во Челзи, но и оттаму беше отпуштен по само седум месеци работа.

dobivaj vesti na viber

За Потер е заинтересиран и Вест Хем, но „чеканите“ допрва ќе разгледуваат дали да се разделат со Дејвид Мојес.

Ница, која има неколку поранешни ѕвезди од Премиерлигата во својот тим, како Арон Рамзи, Рос Баркли и Каспер Шмајхел, е заинтересирана за Грем Потер, а тимот од Азурниот брег сака Англичанецот да почне да работи на почетокот на новата сезона.

 

Можете да прочитате

Чави и да не се премисли останува во Барселона

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами