Утрински Весник
Балкан

Грција заплени кокаин вреден милион евра скриен во контејнер за банани

Img 2164.jpeg

Грчките власти заплениле кокаин вреден повеќе од еден милион евра, кој бил скриен во контејнер за банани, соопшти денеска крајбрежната стража.

Околу 35 килограми кокаин се запленети во пристаништето Пиреја, а пратката била од Еквадор, пренесува Ројтерс.

Грчките власти во мај објавија дека разбиле меѓународна криминална група која шверцувала кокаин, транспортирајќи го во контејнери од Латинска Америка во Европа.

Неколку дена подоцна запленети се повеќе од 109 килограми кокаин сокриени во контејнер со замрзнати лигњи на брод во пристаништето Пиреја, јавува Танјуг.

Можете да прочитате

Хрватска ќе инвестира 2 отсто од БДП за одбрана во историска модернизација на војската

Конгрес на хотелиери на Хрватска: Хрватска поскапа од Албанија за 52 отсто

Сараево утрово прв на листата на градови во светот со најзагаден воздух, Скопје на четвртото место