Утрински Весник
Македонија

Приведено лице од прилепско поради предизвикување пожар

Lisici.jpg

На 05.08.2024 во с.Штавица, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп и од Полициската станица за граничен надзор Старавина при Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода Г.К.(54) од с.Штавица поради сомнение дека предизвикал пожар .

Околу 09 часот тој запалил сува трева во дворното место од неговата куќа, по што пожарот се проширил на соседните парцели. Г.К. бил затекнат од полициски службеници при гаснење на пожарот и во службен разговор го признал делото.

Пожарот бил изгаснат од полициските службеници, а повредени лица нема. Увид бил извршен, а лицето било приведено во полициска станица.

 По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”.

Можете да прочитате

(фото) Вечерва тешка сообраќајна несреќа во Бутел – автомобил превртен на кров, има повредени

Јована Мојсоска објави дивоградба во срцето на струшката чаршија

Изгореа неколку штали – Пожарот во Валандово сега е ставен под контрола