Утрински Весник
Скопје

Авионска и терестрична дезинсекција против ларви од комарци утре во Скопје

Dezinsekci A Komarci.webp.webp

Авионска и терестрична дезинсекција против ларви од комарци ќе се реализира утре на скопската територија, соопштија од Град Скопје на нивната веб-страница.

Како што се појаснува, авионската дезинсекција ќе се реализира во раните утрински часови, а терестричната во текот на денот.

– Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, се додава во соопштението.

Се советува пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. 

Можете да прочитате

Меџити пречека меѓународна делегација за економска соработка и развој

Ѓорѓиевски: Децении лажни ветувања завршуваат денес, Горно Оризари конечно добива достојни услови за живот

Герасимовски: Јавните чешмички во Општина Центар се во функција, се санира чешмата на „Орце Николов”