Утрински Весник
Свет

Грција му одговори на Ердоган: Ќе продолжиме да го штитиме нашиот суверенитет

Грција му одговори на Ердоган: Ќе продолжиме да го штитиме нашиот суверенитет

Атина вечерва соопшти во врска со изјавите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека Грција ќе продолжи да ги штити своите суверенитет и права.

dobivaj vesti na viber

„Грција ја промовира безбедноста и стабилноста во поширокиот регион и следи надворешна политика заснована на принципите на меѓународното и поморското право, со целосно почитување на Повелбата на ОН“, изјавија неколку грчки дипломати за агенцијата АНА-МПА.

Во соопштението се додава дека „Грција никогаш не се обидела, ниту ќе ја доведе ситуацијата до свршен чин“.

„Напротив, ние ја осудуваме секоја форма на експанзија и ревизионизам и, во контекст на добрососедските односи, ги решаваме отворените прашања со нашите соседи, како што се Италија и Египет, преку строга примена на меѓународното право и поморските закони. Продолжуваме да го браниме нашиот суверенитет и нашите суверени права“, се додава.

Грчката новинска агенција посочи дека Ердоган „повторно провоцирал со изјави против Грција“.

Претходно, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека неговата земја нема проблеми со Грција се’ додека Грците не прават проблеми во Егејското Море.

Можете да прочитате

Израелската војска принуди 1.200 Палестинци да ги напуштат домовите во Хеброн

Во судир на два воени авиони за време на тренинг лет на Филипините загинаа четири пилоти

Протести во Чешка поради промени во финансирањето на медиумите, демонстранти се обидоа да влезат во Парламентот