Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Грција испраќа во Украина ракети Зуни од времето на Виетнамската војна

1711111025 ova.webp.webp
Img 7972

Грција ќе испрати ново количество оружје и муниција за помош на Украина, вклучително и 127-милиметарски ракети Зуни од Виетнамската војна кои се лансираат од авиони и хеликоптери, објави порталот Балканска безбедносна мрежа.

Новиот контингент помош за Украина во оружје и опрема содржи, според грчките медиуми, 2.000 ракети Зуни, 180 ракети од 70 милиметри (2,75 инчи), 90.000 90-милиметарски гранати, четири милиони парчиња муниција и 70 хаубици М114А.

Преку Чешка ќе се доставува вооружување и муниција во Украина, од која ќе се купува одредена количина муниција.

Ракетите Зуни се ненаведувани проектили и се произведуваат од крајот на 1950-тите. Првата борбена употреба се случи во 1965 година во индиско-пакистанската војна, каде што беше користена од Пакистанците и беше интензивно користена од американската армија во Виетнамската војна.

Ракетата тежи околу 60 килограми, има домет од осум километри, а просечната брзина на проектилот е 2.600 километри на час, 720 метри во секунда или 2,1 пати поголема од брзината на звукот. Се лансира од воздух, односно од авиони и хеликоптери, од носачот ЛАУ-10.

Постојат неколку видови боеви глави и примарна цел на ракетите е борба против оклопни возила, а најкористена е верзијата Mk24.

Украина ги користи ракетите Зуни од почетокот на 2023 година и се презадоволни од нивниот квалитет. Соединетите Американски Држави и доставија на Украина 6.000 ракети Зуни до крајот на 2023 година.

Можете да прочитате

Израел нема да го отвори граничниот премин Рафах

Русија им предаде на САД декласифицирани советски документи за атентатот на Кенеди

Во Индија загинаа 20 патници откако се запали автобус