Утрински Весник
Свет

Грција донираше воена опрема на Либан

Grcija 1.jpg

Со транспортен брод на грчката воена морнарица, од Атина за Бејрут, денеска биле пренесени 13 оклопни возила за транспорт на персонал (M-113), десет возила за општа намена (STEYR 680M) од два и пол тони, како и материјали и резервни делови за нивна поддршка, во рамките на донацијата од Грција за Либан.

Од Министерството за национална одбрана на Грција соопштија дека денеска успешно бил реализиран транспортот на воената опрема бесплатната донацијата до пристаништето во Бејрут, каде што им беа ставени на располагање на либанските власти.

– Транспортот беше извршен по соработка меѓу Министерството за национална одбрана и Министерството за надворешни работи, како и во координација со надлежните државни институции, во рамките на активностите на одбранбената дипломатија на нашата земја, соопштија од надлежното грчко Министерство во врска со донацијата.

Можете да прочитате

Поранешниот француски министер Жак Ланг поднесе оставка од функцијата шеф на Институтот за арапски свет поради аферата Епстин

Масовен протест во Берлин за поддршка на иранските граѓани кои се кренаа на бунт против режимот

Орбан: Украина е непријател на Унгарија, бараше да не добиваме руски енергетски резерви