Утрински Весник
Спорт

Грција без Јанис и Слукас на Мундобаскетот

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Најдобриот и најискусниот нема да бидат во составот на Грција на Мундобаскетот. Според грчки „Спортал“, Светското првенство ќе го пропуштат Јанис Адетокумбо и Костас Слукас.

dobivaj vesti na viber

Кошаркарот на Милвоки Бакс, Адетокумбо, сакал летниот период да го искористи за целосно да се рехабилитира од повредата, со која се мачеше цела сезона и поради која пропушти три натпревар од серијата со Мајами, во првото плеј-коло.

Покрај Јанис, Грците на Мундобаскетот ќе останат и без искусниот плејмејкер Костас Слукас, кој му соопштил на селкторот Димитирис Итудис, дека сака да земе долг одмор по напроната сезона.

На претстојниот Мундобаскет чиј домаќин ќе бидат Филипините, Јапонија и Индонезија, Грција ќе игра во групата Ц заедно со Соединетите Американски Држави, Јордан и Нов Зеланд.

Можете да прочитате

Џорлев освои злато на Светското карате првество за кадети, јуниори во Полска

Тебас: Не знам колку пати досега Реал побарал моја оставка

Познати двојките за осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија