Утрински Весник
Македонија

Грчева: Манифестот на СДС е фаќање за сламка на давеник пред избори

Грчева: Манифестот на СДС е фаќање за сламка на давеник пред избори

Експратеничката на СДСМ и претседателка на партијата Глас за Македонија, Солза Грчева го коментираше манифестот на Социјалдемократите како фаќање за сламка на давеник пред избори.

dobivaj vesti na viber

„Оние кои го исфрлија од преамбулата на Уставот манифестот на АСНОМ, сега се вадат со трошка “патриотизам“ кој реално “не им личи“. Најмногу ми се бендисува во Манифестот формулацијата: “ Најшироката јавност да биде во можност да го изрази своето мислење по однос на условите за членство во Европската унија“. Молам? Го послушаа ли иститиот тој народ кој најјасно си кажа “не“ на референдумот за името? Е толку и сега ќе го послушаат. Туку до каде сме со корупцијата и дали се проширува Идризово?“, пишува Грчева.

Манифестот на СДСМ е во врска со водењето преговори за полноправно членство во ЕУ. Според СДСМ, тој претставува добра основа за градење единство и со него се дефинираат рамки и позиции по кои сите надлежни институции мора да постапуваат во процесот на преговори.

Во него, меѓудругото, се наведува дека сите лидери на политичките партии се обврзуваат дека ќе настојуваат пристапните преговори да завршат во најкраток можен рок, а притоа целосно заштитувајќи го идентитетот, традицијата, јазикот и општествените вредности на граѓаните.

 

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот на СДС повторно се противат на европски проекти, а национален дата центар е обврска од Реформската агенда со ЕУ 

Патриотизмот не е парола, туку одговорност

СТАНОВИТЕ СТАНАА ЛУКСУЗ: Скопје поскапува, а во Европа квадрат чини и над 22.000 евра