Утрински Весник
Македонија

Градоначалникот на Свети Николе: Изминатата година се реализирани дури 90 отсто од планираните проекти

Градоначалникот на Свети Николе: Изминатата година се реализирани дури 90 отсто од планираните проекти

„Се изборивме со бројните опструкции од власта, со намалените дотации и енормно високите сметки за електрична енергија. Но, тоа е нашата обврска да работиме и да изнајдеме решение за проблемите“, вели градоначалникот на Општина Свети Николе во своето обраќање во кампањата „Промените на дело“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Владев изјави дека изминатата година се реализирани дури 90 проценти од планираните проекти, а се заблагодари и за идеите од страна на граѓаните потенцирајќи дека голем дел од нив се реални и ќе бидат реализирани со буџетот за 2023та година.

За една година реализиравме над 90 проценти од планираното. Асфалтиравме улици во вредност од 25 милиони денари, изградивме балон-сала која ќе им служи на најмладите во вредност од 9 милион денари, а имаме и најмодерна противпожарна станица, а набавивме и две противпожарни возила за потребите на нашите пожарникари во вредност од 120 илјади евра. Буџетот за 2023 година го правевме заедно со граѓаните, вашите идеи се преточени во проекти кои ќе се реализираат, рече тој.

Идејата на Катерина Манева ќе биде имплементирана во буџетот и реализирана во 2023 година, асфалтирање на улицата Михајло Апостолски, Гаврило Гаврилски, улицата 3 и 4 ќе бидат реализирани во 2023 година, нагласи Владев.

Воедно, Владев додаде дека 2023та година ќе биде година на инфраструктурен бум бидејќи како што рече ВМРО-ДПМНЕ е партија која секогаш работи за интересот на народот.

2023 година ќе биде година на инфраструктурен бум во Свети Николе. Ќе реализираме и асфалтираме улици, канализации во вредност од 20 милиони денари и ќе изгради нова балон-сала во СОУ Кочо Рацин во вредност од 9 милиони денари, кажа тој.

Продолжуваме со транспарентно и отчетно работење, бидејќи вие заслужувате многу подобра иднина. ВМРО-ДПМНЕ е партија која секогаш го слуша народот и работи за интересот на народот, истакна Владев.

Можете да прочитате

Панел-дискусија за родова еднаквост и спречување на насилството врз жени и девојчиња

Апасиев со обвинувања за валидноста на дипломата на директорот на АНБ

СДСМ: Полицијата потфрли во превенција на скандалозните настани, Тошковски се уште никаде го нема