Утрински Весник
Македонија

Градоначалничакатра на Скопје Арсовска ќе „трча“ на парламентарните избори во ИЕ 1

X550cdoyftct69ofevhe.jpg

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска со Партијата Нова Алтернатива, на чие чело застана неодамна, ќе учествуваа на претстојните парламентарни избори. Арсовска ќе ја предводи листата во изборната единица 1, а на гласачите ќе им понудат кандидати во сите шест единици. Ова денеска го соопшти Арсовска во телевизиско гостување. Прашана дали можеби се ќе вклучи во трката за претседател децидно одговори „не“. -Кој ќе биде кандидат за претседател или кои ќе бидат луѓето, ќе кажат органите на партијата. Треба да се разговара. Ќе учествуваме на овие избори со сите капацитети, за да им покажеме на граѓаните дека може поинаку и чесно да се работи, рече Арсовска во емисијата „Студио 10“.

Можете да прочитате

Миноски бара „рестартирање на системот“ и проверка на потеклото на имотот на функционерите од 1990 година

Ахмети се повика на Мицкоски и побара избори – Единствениот излез се предвремени парламентарни избори

Американската амбасада во Софија издаде безбедносно предупредување за цела Европа пред празниците