Утрински Весник
Македонија

Град Скопје: Утре ќе се објави јавниот повик за приватните превозници, „Слобода Превоз“ и „Макекспрес“ нема да можат да конкурираат

Град Скопје: Утре ќе се објави јавниот повик за приватните превозници, „Слобода Превоз“ и „Макекспрес“ нема да можат да конкурираат
300x250 (7)

Јавниот градски превоз, го организираат органите на локалната самоуправа, а не приватни бизнисмени, политички партии или други интересни групи. Во случајов, организацијата на јавниот градски превоз е обврска на градот Скопје и ЈСП Скопје, се истакнува во соопштението од Град Скопје.

dobivaj vesti na viber

Основна заложба на ова градско раководство, како што велат од таму, е оптимизација на непродуктивните трошоци и пренасочување на тие средства кон проекти од корист за граѓаните. Додаваат дека градот Скопје и ЈСП во последните шест месеци успеа да оспособи 130 автобуси од флотата на ЈСП со што бројката на градски автобуси се зголеми од 140 активни во овој период минатата година, на 270.

300x250 (7)

На овој начин, како што посочуваат, граѓаните на градот Скопје добиваат подобра, поефтина, сигурна и стандардизирана услуга.

Што се однесува до јавниот повик, истиот, според Град Скопје ќе биде објавен утре, а се однесува на линиите од кој градот Скопје има потреба – тоа се линиите со бр. 20 и бр. 22. Единствена разлика, како што појаснуваат, е во тоа што ниту „Слобода Превоз“ ниту „Макекспрес“ нема да можат да конкурираат една година од денот на раскинување на договорот поради прекршување на одредбите од договорот од нивна страна.

„Ги повикуваме сите приватни превозници да аплицираат на објавениот јавен повик, индивидуално или преку претставник на група на приватни превозници.

Што се однесува на патетиката на ВМРО-ДПМНЕ, ги повикуваме да одговорат на следните прашања:

– Дали Христијан Мицкоски со неговиот директор на штаб Орце Тодоровски, инаку притворен и првообвинет во случајот „Делчевски Ниви“, договараа набавка на 150 автобуси од Унгарија?

– Дали Христијан Мицкоски и неговиот актуелен шеф на штаб, Ивица Томовски, преку негови фирми е единствен подобен за одржувањето и чистењето во општините, училиштата и претпријатијата каде ВМРО-ДПМНЕ е власт?

– Дали Христијан Мицкоски заедно со Ковачевски имал тајна средба во еден скопски локал?

– Дали е точно дека Христијан Мицкоски, Александар Николоски, заедно со Зоран Заев и Венко Филипче пред два месеци имале заеднички ручек во ресторан во Малешевијата каде се зборувало за уставните измени?

– Дали е точно дека Христијан Мицкоски има истрага во ОЈОГОКК за криминал со хидроцентрали кој се држи во фиока?

– Дали е точно дека брат на член на обезбедувањето на Христијан Мицкоски, сопственик на фирмата „Моби Саунд“ е единствен организатор на манифестации во општините каде власт е ВМРО-ДПМНЕ?

– Дали е точно дека Игор Јанушев, другар на Христијан Мицкоски и актуелен пратеник, како директор на ЈСП склучил штетен, речиси криминален договор со фирмата „Маратон“ за рекламирање на автобусите на ЈСП, и дали е точно дека од овој бизнис се делат и провизии?“, прашуваат од Град Скопје.

„Што се однесува на вицепремиерот во владата на СДСМ Фатмир Битиќи, пред да зборува за некаква неподготвеност на Градот, прво да одговори на следните прашања:

– До каде е автопатот кон Охрид?
– До каде е автопатот кон границата со Бугарија?
– До каде е Клиничкиот центар?
– До каде се инвестициите од Гугл и Фејсбук?
– До каде е инфлацијата?“, се подвлекува во соопштението од Град Скопје.

Ss1

Можете да прочитате

Починва менаџерот и урбаната легенда Џаро

ДЕТАЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО ЗА МЕСЕЦИТЕ МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените но ќе растат условите и за временски непогоди

Има ли шанси за пресврт на претседателските избори? Борис Трајковски успеа да анулира предност од 120.000 разлика на изборите во 1999 година

Утрински Весник