Утрински Весник
Македонија

Град Скопје: Обид за саботажа и уништување на т.н. „Железнички Мост“ вo Карпош, пријава против едно лице

Град Скопје: Обид за саботажа и уништување на т.н. „Железнички Мост“ вo Карпош, пријава против едно лице

Градот Скопје заедно со општина Карпош, денес поднесе пријава против НН сторител поради оштетување на јавен имот и саботажа откако на т.н. „Железнички Мост“ во општина Карпош на булеварот Васил Чакаларов во текот на вечерта намерно се исечени и оштетени електрични и комуникациски кабли.

dobivaj vesti na viber

„Не сакаме да веруваме дека станува збор за намерна саботажа предизвикана од политичка агенда, но, ако судиме по реакциите на политичките партии кои го политизираа и пожарот на мостот „Беласица“ со шпекулации и предизвикување на општа несигурност и паника кај граѓаните, заклучокот е загрижувачки“, велат од Град Скопје.

Апелираат до сите институции и до сите политички чинители да ги превземат сите неопходни мерки за да се спречи ваквата појава.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Заев креирал предмети во СЈО, од СДС креирале и лажни предмети за судии, дали и ова СДС на Филипче ја има истата стратегија

Најладно утрово на Попова Шапка и во Демир Капија со – 3, најтопло во Гевгелија со 6 степени

Заладување на времето во Македонија, ќе врне и дожд и снег