Утрински Весник
Магазин

Град без луѓе во близина на Доха интригира многумина

Град без луѓе во близина на Доха интригира многумина
Ss2

Околу 80 километри од Доха, главниот град на Катар, се наоѓа градот Филм Сити, каде што може да се најдат остатоци од античко арапско село.

dobivaj vesti na viber

Ова место, познато како град на духови, се наоѓа во заливот Зекрит на западниот брег на Катар.

Ss1

Филм Сити, наводно, бил изграден за потребите на снимањето на арапската ТВ-серија Eyaal Al Theeb („Синови на волкот“), чие дејствие се врти околу борбата на две арапски племиња.

Остри камења, пустински песок и дини водат до ова необично катарско село, познато како село на духови. Потоа почнуваат да се гледаат песочни карпи и камчиња со интересна форма, а во близина на селото речиси и да нема луѓе или автомобили.

Имено, Филм Сити не привлекува голем број посетители, но тие што ќе се одлучат да одат во Зекрит, најдобро е тоа да го направат пред стемнување за да не мора да се враќаат навечер по лошиот пат.

Една од интересните работи тука е камениот столб во форма на печурка.

Филм Сити не е ни замислен како туристичка атракција.

Странските медиуми пишуваат дека луѓето често не ја разбираат намената на Филм Сити со оглед на тоа што нема никој во близина, па така добиваат различни идеи за местото откако ќе прочитаат приказни во холивудски весници, катарски ТВ-емисии или во промотивни огласи за Светското првенство во Катар 2022 година.

Оние кои го посетиле, признаваат дека се чувствувале осамено и дека почувствувале морници.

Имено, Филм Сити не е ни создаден како локација која би привлекла туристи. Го посетиле луѓе желни за авантура или љубопитните кои се интересираат за какво чудно место станува збор. Странските медиуми пишуваат дека „има милион причини зошто е изградено ова место, но веројатно никогаш нема да ги дознаеме“.

Инаку, ова место нуди и прекрасни рамнини, висорамнини и преубав поглед на синилото на заливот.

Ss1

Можете да прочитате

Ловоровото масло е природен лек против мигрена

Нетфликс се откажува од една од своите најпопуларни серии

Кинеска пејачка почина откако се сопна и ја удри главата на бината