Утрински Весник
Скопје

Граѓански иницијативи Шанса Центар- Независни заедно: Жителите на Капиштец живеат со бучава, отпад и несовесно однесување

3.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Бучавата од угостителските објекти на улицата Народен фронт, оштетувањето на јавната опрема од несовесни луѓе, движењето на скутери и електрични тротинети по пешачките патеки, мешањето на отпадот од кафеаните со комуналниот и неподносливата миризба која се шири од преполните контејнери – се дел од проблемите во населбата Капиштец, за кои денеска разговаравме со многу наши сограѓани.

На средбата присуствуваа кандидатите за градоначалник на Општина Центар Билјана Ивановска и на Град Скопје Горан Марковски, носителите на советничките листи за Центар Јане Димески и за Град Скопје Јана Белчева Андреевска, како и кандидатите за советници од иницијативата „
Шанса за Центар- Независни заедно.


За овие горливи проблеми ние нудиме конкретни и остварливи решенија, меѓу кои:

-изработка на акционен план за мапирање и управување со бучавата,

-набавка на сензори и инструменти за постојано мерење на нивото на бучава,

-зголемување на бројот на контејнери за селекција на отпад (пластика, стакло, хартија, органски отпад),

-воведување на комунална полиција која во тесна соработка со МВР ќе работи на санкционирање на несовесното однесување и уништувањето на јавниот простор.

Со ова сакаме да испратиме јасна порака дека Капиштец – и секое маало во Центар и Скопје – заслужува чист, безбеден и тивок јавен простор, во кој граѓаните ќе можат достоинствено да живеат.

Граѓански иницијативи  „Шанса за Центар- Независни заедно”

Можете да прочитате

Без струја викендов делови од општините Бутел и Чаир

Град Скопје започна акција за расчистување на бесправно изградените и узурпирани објекти

Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух