Утрински Весник
Свет

Граѓаните во Сараево излегуваат на протест поради смртта на младата докторка што ја прегази пијан возач

Граѓаните во Сараево излегуваат на протест поради смртта на младата докторка што ја прегази пијан возач
Ss2

Во Сараево, БиХ денеска во 18 часот ќе се соберат граѓани поради смртта на 25-годишната докторка Азра Спахиќ која загина во сообраќајна несреќа.

dobivaj vesti na viber

Спахиќ работела во Здравствениот дом на Сараево, а почина пред два дена, кога 26-годишниот Армин Берберовиќ, кој бил пијан и возел со брзина значително поголема од дозволената со својот „мерцедес“, налетал на неа и на уште две девојки. Немал возачка дозвола, а во организмот имал 0,41 промил алкохол.

300x250 (7)

Возачот е уапсен.

Група граѓани се собраа на фејсбук група и најавија собир на улицата Маршал Тито. Групата е основана откако во 2016 година во сообраќајна несреќа загинаа ученичките Селма Агиќ и Едита Малкоч, пишува Кликс. Граѓаните повторно сакаат да укажат на големата неизвесност во сообраќајот, исто како и во 2016 година.

„И денес го повторуваме она што го кажавме тогаш – улиците на Сараево не се безбедни. Постојните законски прописи не се соодветни, институциите мора да преземат одговорност и да понудат решенија. По неповратно украдените животи, за сето ова е доцна, но тоа не значи дека ќе ја прифатиме моменталната ситуација“, објавија на Фејсбук.

На местото каде почина младата докторка, граѓаните полагаат цвеќе и палат свеќи. Во несреќата повредени се две девојки на возраст од 25 и 21 година. Едната се здобила со повреди опасни по живот, а другата со тешки телесни повреди. Докторката починала на местото на несреќата.

Несреќата се случила во петокот во 23:30 часот кога возачот удрил во трите девојки. Откако налетал на нив, тој не застанал веднаш, туку удрил во сообраќаен знак, а потоа во ѕид.

По апсењето, Берберовиќ е под полициски надзор и се води кривична истрага. Во законскиот рок тој ќе биде предаден во надлежност на обвинителството.

Како што дознава Кликс, на Берберовиќ во минатото му биле издадени повеќе прекршочни пријави за возење без положен возачки испит, а по ваквите прекршоци и е познат на сараевската полиција.

Ss1

Можете да прочитате

САД почнаа преговори за повлекување на 1.000 американски војници од Нигер

Од масовни гробници во болницата Насер за три дена ексхумирани над 200 тела

Пјонгјанг извршил симулација на нуклеарен контранапад