Утрински Весник
Македонија

Граѓани кои протестирале во Ореовец против ископ на „Бехтел и Енка“, добиле казни од МВР

Policija blokada orevoec prilepsko3.jpg

Протестите против изведбите на Бехтел и Енка во прилепското село Ореовец крај Плетвар добија на интензитет. Мештаните кои се спротиставуваат на ископите за градежен материјал и минирањето на коридорот, а дел од организаторите на блокадите за Телевизија 24 велат дека добиле казни од МВР:

– Бектел и Енка со попициска придружба влезе во ископот, ние се собравме на барикадите, МВР ни пиша прекршочни казни за погрешно паркирање на автомбилот на коловозот и за неизвршување на наредба. Протестот е уредно најавен, а претпоставуваме дека ова е обид на МВР на ваков начин да издејствува непречена рабта на ископот, рече Жарко Стевановски, адвокат и локален активист, за Телевизија 24.


Граѓаните, собрани околу иницијативата наречена Спас за Прилеп, тврдат дека минирањата и експлоатацијата на каменот токму од ова место ќе ги загрозат неколкуте извори на вода за пиење од кои се снабдува селото, и тоа во регион како Прилеп кој хронично кубури со водаснабдување.

Можете да прочитате

Уапсен радовишанец кај кого била најдена марихуана

82 години Народен театар Битола, 12. Битола Шекспир фестивал

Констатирани 19 кривични дела „безобѕирно управување со моторно возило“ во изминатото деноноќие, уапсени 17 лица