
Горан Ангелов-Ќосето, осуден за „27 април“, доби прекин на казната од два месеци. Ова доаѓа откако претходно судот го одби и реши да го врати зад решетки. Ангелов го доби прекинот откако со болки и скршени ребра, беше вратен зад решетки.
„Притисокот од јавноста се исплатеше. На Горан Ангелов-Ќосето му е дозволен прекин на издржувањето на затворската казна во траење од два месеци за кои можеби ќе побараме продолжување со оглед на тоа дека излезе дека му се скршени 4 ребра (не три) од кој едното со дислокација. Криво ми е што и во ваква ситуација се во државава мора да иде на сила и некој да биде јавно објавен за да постапи!!! Фала ви на сите за споделувањето, значително помогнавте!!!“, објави Драган Пешевски, негов адвокат.
Претходно, Ангелов, пушти молба за прекин на казната до Судот во Велес – но го одбија. Истиот беше со проблеми со дишењето. По јавната објава, жалбата му беше уважена.