Утрински Весник
Македонија

Уапсен скопјанец, при претрес пронајден кокаин подготвен за продажба

652419038 1230468985930293 7249515145185847192 n.jpg

Вчера (13.03.2026) околу 21:00 часот, на подрачјето на Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Б.(43) од Скопје.

По претходно добиени оперативни сознанија, постапено е по наредба за претрес во неговиот дом на подрачјето на општина Аеродром, при што биле пронајдени две тегли со кокаин и дигитална вага, како и дел од наркотичната дрога спакувана во мали паковки подготвени за малопродажба.


Лицето е лишено од слобода и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик – „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Можете да прочитате

Кривична пријава за дрвокрадец од Прилеп

За да се избегнат грешки при испраќање на казните од „Безбеден град“, возачите ќе добиваат код

(Видео) Штекли осуден на осум години затвор