Утрински Весник
Свет

Голоб се откажа од формирање влада во Словенија

Slovenija.webp.webp

Премиерот на Словенија, кој моментално е во технички мандат, Роберт Голоб призна дека неговата партија не успеала да формира влада, што би можело да го отвори патот за враќање на популистот Јанез Јанша, објавија словенечките медиуми.

Либералното движење за слобода на Голоб победи на парламентарните избори минатиот месец со тесна разлика, освојувајќи 29 од 90-те места во словенечкиот парламент, но не успеа да обезбеди парламентарно мнозинство.


По еден месец неуспешни коалициски преговори, Голоб рече дека ја информирал словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар дека неговата партија се согласила да премине во парламентарната опозиција.

Се очекува Јанша, чија Словенечка демократска партија освои 28 места на изборите минатиот месец, сега ќе се обиде да формира десничарска коалициска влада.

Голоб, изјави дека неговата партија „се радува на работата во опозиција“, додека неговиот ривал Јанез Јанша најави дека е подготвен за сите сценарија – подготвена да формира влада, да остане во опозиција или да учествува на повторени избори.

Изјавата доаѓа по консултациите со претседателката на Словенија Наташа Пирц Мусар. Голоб ја искористи можноста да ја нападне потенцијалната нова влада. Тој ја нарече „коалиција на измамници“ и рече дека нема да трае долго.
„Коалиција на измамници нема да трае“, изјави Голоб.
Лидерот на Слобода беше остар кон противниците. Тој рече дека оние што ги лажат граѓаните ги рушат темелите на демократијата. Во исто време, порача дека неговата партија ќе делува од опозиција.

Претседателот на пратеничката група на Слобода, Борут Сајовиќ, нагласи дека партијата нема доволно гласови. Тој посочи дека им недостигаат 46 пратеници за мнозинство. Додаде дека тие не сакаат поддршка преку уцени или поткуп.

Порано овој месец, партијата на Јанша го поддржа обидот на проруската партија Ресни.ца нејзиниот лидер Зоран Стевановиќ да биде избран за претседател на словенечкиот парламент. Овој потег беше широко протолкуван како сигнал за сојуз меѓу двете популистички партии, но Јанша, по средбата со Пирц Мусар денеска, призна дека неговата партија сè уште не ја обезбедила потребната поддршка за враќање на власт.

Можете да прочитате

За обновата на Газа во наредната деценија ќе бидат потребни 71 милијарда долари

Масовна тепачка меѓу 1000 навивачи на Баерн и Штутгарт – 500 од нив се уапсени

Мишел упати критика кон Урсула фон дер Лајен