Утрински Весник
Свет

Голем шумски пожар во Казахстан, загинаа 14 луѓе

Кумановец починал по пожарот во неговата куќа

Казахстанските спасувачки тимови пронајдоа тела на уште 11 жртви на големиот шумски пожар кој беснее во источниот регион Абај во Казахстан, со што вкупниот број на жртви се искачи на 14, соопшти денеска Министерството за вонредни состојби.

dobivaj vesti na viber

„Според податоците на оперативната група за гаснење пожари во регионот Абај, при пребарувањето се пронајдени 11 тела. Нивниот идентитет се утврдува“, се наведува во соопштението.

Претходно беа пронајдени телата на тројца исчезнати работници на шумското претпријатие, па вкупниот број на загинати е 14, пренесува ТАСС.

Можете да прочитате

„Можно е да не дојдев“ – Трамп го пофали Ердоган, а жестоко ја критикуваше НАТО Алијансата

Полицијата во Анкара блокира и приведе демонстранти што протестираа против НАТО

Руте: НАТО ќе инвестира околу 40 милијарди долари во одбрана од дронови во наредните пет години