
Најмалку едно лице е убиено, а осум други, вклучувајќи и едно дете, се ранети во најновите руски напади со беспилотни летала и ракети во Украина, изјави денес претседателот Володимир Зеленски.
„Главна цел на нападот беше енергетски објект, но беа оштетени и станбени згради, а беше предизвикана и штета на железниците“, објави Зеленски на Телеграм.
Тој рече дека 49-годишен маж е убиен во регионот на Киев откако Русија лансирала речиси 300 дронови и 50 ракети и крстосувачки ракети кон Украина. Покрај Киев, погодени се и областите Днепропетровск, Кировоград, Николаев, Одеса, Полтава и Суми.
„Москва продолжува да инвестира повеќе во напади отколку во дипломатија“, рече Зеленски, осврнувајќи се на тековните преговори меѓу завојуваните земји.
Само оваа недела, Русија, како што рече претседателот, лансираше над 1.300 борбени беспилотни летала, повеќе од 1.400 едриличарски бомби и 96 ракети и крстосувачки ракети.
„Затоа, мора да ја зајакнеме нашата воздушна одбрана“, нагласи Зеленски, додавајќи дека на Украина ѝ се потребни системи што можат да одговорат на балистички ракети. „Секој таков пакет ја штити критичната инфраструктура и придонесува за можноста жителите да водат нормален живот“.

