Утрински Весник
Македонија

Голем пожар на депонијата во Визбегово – пожарот постојано се реактивира, ЦУК на терен

Img 1611.jpeg

Голем пожар избувна на дива депонија во скопската населба Визбегово, во близина на хотелот „New Star“. Пожарот, кој се појавува и по неколку пати по неговото гаснење, создава сериозна опасност за околината и предизвикува згуснат чад и неподнослива миризба.


На терен е директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али, кој ја увидува состојбата заедно со надлежните институции и координативните тимови.

„На терен се работи во координација со сите релевантни служби. Проблем претставува непристапниот терен, поради што се чека механизацијата – багери и тешка опрема – да пронајде начин за пристап до жариштето и да помогне во целосното гаснење“, изјави Али.

Ова не е првпат да се појави пожар на оваа дива депонија. Локалните жители се жалат дека проблемот е хроничен и дека честите палења сериозно го загадуваат воздухот и го загрозуваат здравјето на населението.

Надлежните институции апелираат за трпение и внимателност, додека се преземаат сите неопходни мерки за целосно локализирање на пожарот.

Можете да прочитате

Шилегов: Сите во државава се виновни, освен кочанските обвинители за случајот Пулс

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило, меѓу нив и еден малолетник

Неидентификувано тело без делови од телото во Зрновци, клучна обдукцијата