Утрински Весник
Македонија

Голем пожар кај Струмица – забрзано се движи кон селата Сушево и Владевци

Befunky 2024 7 5 21 2 1.jpg

Пожарникарите од Струмица јавуваат дека околу 13.30 часот избувнал голем пожар во близина на винарска визба Слобода кој со голема брзина се движи кон селата Сушево и Владевци.

Како што велат, на терен се 4 ПП возила и 14 пожарникарите-спасители.

Заради сериозноста на ситуацијата е побарано од МЕПСО да ја исклучи струјата во далноводот кој поминува директно низ пожарот и пожарникарите.

Пожарот се уште не е под контрола.

Извор: mk.tv21.tv

Можете да прочитате

Драма во Штип: Багер во четири часот наутро удрил во семејна куќа додека сопствениците спиеле

Николоски: Градскиот воз Драчево–Илинден ќе стартува најдоцна до 1 септември

Опозицијата на крстопат: Време за будење или почеток на политичка маргинализација?