Утрински Весник
Свет

Голем конвој на Вагнер влезе во Белорусија, Зеленски стравува од напад на Киев

Голем конвој на Вагнер влезе во Белорусија, Зеленски стравува од напад на Киев

Голем конвој на платеничката група Вагнер рано утринава пристигна во Белорусија, јавуваат белоруските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Колоната тргнала преку Рохачов во правец кон Бобрујск, а потоа кон Осиповиќ. Трасата покажува дека се движела кон шаторски камп во селото Гол.

Најмалку 60 возила беа забележани во конвојот, вклучувајќи камиони, големи камиони, комбиња и најмалку 3 патнички автобуси. Конвојот беше придружуван од белоруската сообраќајна полиција.

Вчера, Министерството за одбрана на Белорусија соопшти дека „вагнерите“ почнале да ја обучуваат белоруската армија.

Еден од камповите ќе биде лоциран во близина на градот Осиповиќи. Од границата со Украина е на 200 километри.

Можете да прочитате

КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО ИСТАНБУЛ: Морето се спои со копното, автомобили потонаа под вода

Вработен во „ОпенАИ“ уапсен поради уред за прислушување во конференциска сала

На протестите во Франција учествувале околу 480 илјади луѓе