Утрински Весник
Свет

Голем број луѓе се уште се затрупани под урнатините на југот од Турција

Голем број луѓе се уште се затрупани под урнатините на југот од Турција
Ss2

Разорен земјотрес го погоди југот на Турција, а потоа следеа серија нови земјотреси. Епицентарот бил во провинцијата Кахраманмарас, која се наоѓа на југоисток, долж границата со Сирија.

dobivaj vesti na viber

Катастрофално беше низ целата земја, многу градови се во урнатини. Училиштата во 10 градови и провинции беа затворени, а летовите до погодените области беа прекинати.

Ss1

Најлошо поминаа Газиантеп и Искендерум, каде што беа зачувани малку згради. Сликите од тресењето на земјата во Газиантеп го обиколија светот, а покрај станбените згради, земјотресот целосно ја уништи најголемата туристичка атракција во градот – замокот стар над 2000 години, од кој останаа само бедемите.

А еве што порачаа граѓаните на Турција:

– се уште има луѓе заробени под урнатините. Имам пријател кој живее во овој стан, неговите деца беа спасени од горниот кат, но неговата ќерка ја скрши раката.

– Спиев кога жена ми одеднаш ме разбуди. Земјотресот беше многу силен, многу страшен. Слушнавме звуци од сите страни. Тресењето на земјата траело повеќе од две минути.

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган истакна дека се надева оти ситуацијата ќе се смири, како и дека партнерите од НАТО, ЕУ и другите земји се солидаризираат со Турција.
– Не знаеме до кога ќе се зголемува бројот на загинати и повредени, бидејќи продолжува отстранувањето на урнатините од многу згради во зоната на земјотресот. Се надеваме дека ќе се опоравиме од оваа катастрофа со најмала можна загуба на животи. Добивме неколку повици за меѓународна помош за нашата земја. Добивме понуда за помош од 45 земји, меѓу кои НАТО и Европската унија – рече Ердоган.

Портпаролот на Комисијата на ЕУ, Балаж Ујвари изјави дека се мобилизирани тимови од различни земји да и помогнат на Турција.

– Мобилизиравме повеќе од 10 тимови од земјите членки да и помогнат на Турција во потрагата и спасувањето. Бугарија, Хрватска, Чешката Република, Франција, Грција, Холандија, Полска и Романија им дадоа поддршка на првите одговорни на теренот, а Унгарија, Италија, Шпанија, Малта и Словачка исто така понудија помош. Со исклучок на Турција, драматично беше и на северот на Сирија во регионите на Алепо и Латакија, а тресењето на земјата се почувствува и во делови од Грузија, Ерменија и Кипар.

Ss1

Можете да прочитате

Кина ќе биде домаќин на разговорите меѓу Хамас и Фатах за единството на Палестинците

Шпанските власти запленија 25 тони хашиш скриен во камион со дињи

Едно од секои пет тестирани пакувања на пастеризирано млеко во САД содржи птичји грип