Утрински Весник
Спорт

Голден стејт Вориорс вредат седум милијарди долари

Голден стејт Вориорс вредат седум милијарди долари

Актуелниот шамшпиони Голден стејт Вориорс се највредната франшиза во НБА лигата, објави магазинот „Форбс“. Според анализите што ги направиле новинарите Мајк Озанијан и Џастин Тејтелбаум, Вориорс вредат седум милијарди долари. Во САД, кога се во прашање франшизите во сите професионални спортови, Вориорс се на второто место, зад Далас Каубојс. Вредноста на оваа НФЛ франшиза изнесува осум милијарди долари.

dobivaj vesti na viber

„Форбс“, појасни дека Голден стејт генерирал повеќе приходи во сезоната 2021/2022 од кој било друг тим во историјата на НБА, со 150.000.000 долари во спонзорства и реклами на арената и 250.000.000 долари во премиум седишта.

Како највреден тим, Голден стејт успеа да стави крај на повеќе деценискиот дуалитет меѓу Њујорк Никс и ЛА Лејкерс, кои се менуваа на врвот од 1999 година.

Од 30-. НБА тимови, само еден, Бруклин Нетс, работел со загуба минатата сезона.

Во извештајот на „Форбс“, се вели дека рекордните приходи од спонзорство и рекламирање (1.350.000.000 долари минатата сезона) ја вратиле лигата на нејзиниот раст пред коронавирусот.

Понатамошен раст се очекува во наредниот период, со новиот договор за ТВ права (преговорите се во тек) кој ќе стапи на сила во 2025 година.

Бројките на „Форбс“ се само проценки и честопати не се совпаѓаат со продажните цени на франшизите.

Вредноста на НБА франшизите:

Голден стејт Вориорс 7.000.000.000

Њујорк Никс 6.100.000.000

Лос Анџелес Лејкерс 5.900.000.000

Чикаго Булс 4.100.000.000

Бостон Селтикс 4.000.000.000

Лос Анџелес Клиперс 3.900.000.000

Бруклин Нетс 3.500.000.000

Далас Маверикс 3.300.000.000

Хјустон Рокетс 3.200.000.000

Филадефија 76ерс 3.150.000.000

Торонто Репторс 3.100.000.000

Мајами Хит 3.000.000.000

Феникс Санс 2.700.000.000

Вашингтон Визардс 2.500.000.000

Милвоки Бакс 2.300.000.000

Портланд Трејл Блејзерс 2.100.000.000

Кливленд Кавалирс 2.050.000.000

Сакраменто Кингс 2.030.000.000

Јута Џез 2.025.000.000

Сан Антонио Спарс 2.000.000.000

Атланта Хокс 1.975.000.000

Денвер Нагетс 1.930.000.000

Детроит Пистонс 1.900.000.000

Оклахома сити Тандер 1.875.000.000

Орландо Меџик 1.850.000.000

Индијана Пејсерс 1.800.000.000

Шарлот Хорнетс 1.700.000.000

Минесота Тимбервулфс 1.670.000.000

Мемфис Гризлис 1.650.000.000

Њу Орлеанс Пеликанс 1.600.000.000

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ