Утрински Весник
Спорт

Голден Стејт поразен во Мемфис, жесток клинч меѓу Брукс и Грин

Голден Стејт поразен во Мемфис, жесток клинч меѓу Брукс и Грин

Мемфис Гризлис, и без помошта на Џа Морант, славеше убедливо (131:110) против Голден Стејт Вориорс во еден од најинтересните дуели во НБА лигата изминатата вечер. Белег оставија Дилон Брукс и Дрејмонд Грин кои имаа жесток дуел лице в лице.

dobivaj vesti na viber

Гризлите уште по првата четвртина создадоа убедлива предност и поведоа со 48:28.

Брукс и Грин ја загреаја атмосферата откако говореа лошо еден за друг во интервјуа, а синоќа беа блиску до инцидент, но тепачка не се случи.

Индијана пејсерс по продолжение го совлада Хјустон рокетс со 134:125. Тајлер Халибартон имаше 19 асистенции и продолжи со одличните игри. На последните три меча, играчот на Индијана има вкупно 98 поени и 46 асистенции.



Лидерот во источната конференција, тимот на Милвоки Бакс, успеа да слави против Бруклин Нетс со 118:113. Брук Лопез одигра одлично, со 24 поени, десет скока и девет блокади.

Ова е рекорден број на блокади за Лопез во кариерата, додека Боби Портис, додаде свои 28 поени и 12 скока.

Резултати, НБА: Детроит – Шарлот 103:113, Индијана – Хјустон 134:125 (п.), Орландо – Јута 124:131, Мемфис – Голден Стејт 131:110, Милвоки – Бруклин 118:113, Сакраменто – Њу Јорк 122:117.

Можете да прочитате

18 млади репрезентативци одат на светско првенство со самофинансирање – за што служи Министерството за спорт, прашува Левица

Светската џудо елита викендов ќе се натпреварува во „Јане Сандански“

Интер Мајами го освои Купот Кампеонес, Меси го постигна својот 100. гол за клубот од МЛС