Утрински Весник
Македонија

Годишна конференција за децентрализација и локално управување

20241209142357 Big 730x400 54.webp.webp

Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП, со поддршка на Владата на Швајцарија, денеска организираат годишна конференција за децентрализација и локално управување, на тема „Кон одржлива локална самоуправа: предизвици, можности и стратегија за иднината“.

Како што соопшти Министерството, клучни теми на кои ќе се разговара на конференцијата се реформата на локалната самоуправа – промени за поефикасни, одговорни и отчетни локални власти, дигиталната трансформација на локално ниво и интегрирано стратешко планирање на национално и локално ниво.

-На конференцијата е предвидено присуство на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, а воведни обраќања ќе имаат министерот за локална самоуправа, Златко Перински, претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиески, амбасадорката на Швајцарија во Северна Македонија, Вероник Улман, амбасадорката на Шведска во Северна Македонија, Ами Ларсон Џаин и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, соопшти Министерството за локална самоуправа. 

Можете да прочитате

УЖАС: 23-годишен скопјанец обвинет за полови дејствија врз петгодишно дете

Потоп во Македонија – УХМР соопшти каде наврна најмногу

Утврдена дискриминација врз 12.000 пензионери кои не го добија второто покачување од 2.500 денари, ускратувањето им го направиле недела дена пред да се донесат законските измени