Утрински Весник
Македонија

Годишна конференција на МАСИТ со фокус на вештачката интелигенција

20241028171635 Big 730x400 5.webp.webp

Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ денеска и утре ја организира 19-тата годишна конференција. 

Темата на конференцијата денеска е  „Вештачката интелигенција наспроти работната сила – преку адаптација до иновација“, а утре темата е „Практична примена на вештачката интелигенција во медицина, фармација и стоматологија“ која се организира во соработка со Адвокатска канцеларија Најденовски, коорганизатор на настанот за вториот ден.

-Конференцијата ќе опфати богата и висококвалитетна програма исполнета со бројни истакнати говорници кои преку клучни предавања, панел-дискусии и презентации ќе ги пренесат своите експертски знаења и искуства од областа на вештачката интелигенција, соопшти МАСИТ. 

Во воведниот дел од 19-та годишна конференција на МАСИТ најавени се обраќања на Анета Пешева, претседател на Собранието на МАСИТ, Тимоти Онг, директор на Канцеларијата за економски раст на УСАИД, и Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација. 

Можете да прочитате

Фрчкоски: Социјалдемократијата мора да го разбие монополот кој го има десницата врз националните прашања

Катастар со нов портал „е- услуги“ за побрза и поефикасна услуга за граѓаните

НАЈНОВА МЕТЕО ВЕСТ: Снегот ќе продолжи да паѓа во Македонија, се очекува нова снежна покривка!