Утрински Весник
Свет

„Го гушнав и го изнесов надвор“ – млада девојка херојски спасила момче од стан полн со чад во Риека, случајно се нашла на улицата

„Го гушнав и го изнесов надвор“ – млада девојка херојски спасила момче од стан полн со чад во Риека, случајно се нашла на улицата

Настан кој ја враќа вербата во несебичните луѓе се случи во четвртокот попладне во Риека. Во стан во строгиот центар на градот се одвивала вистинска драма и борба за живот, кога девојка (21), случаен минувач спасила 4 ипол годишно момче од стан полн со густ чад. Причина за густиот чад, кој прерасна во пожар во станот на вториот кат од зградата, е запален шпорет. Од прозорецот излегувал густ чад.

dobivaj vesti na viber

Доротеа Орландини е девојката која го спасила непознатото момче.

Орландини за „ТВ Дневник Нова“ изјави дека се’ уште не е свесна за се што се случило, но оти е горда на себе, пренесува „Дневник.хр“.

„Се’ уште сум потресенa, немам чувство дека сум спасилa нечиј живот. Многу сум горда на себе што така реагирав“, вели таа.

Случајно се нашла на местото на настанот.

„Тргнав од работа, беше околу 16:30 часот. Случајно поминав и слушнав извици: ‘мамо, мамо’. Мислев дека се деца кои си играат во маало. Нешто ми велеше да се свртам“ опиша Орландини.

Се свртела и забележала двајца возрасни како му викаат на момчето да биде покрај прозорецот.

„Погледнав нагоре и она што го видов беше огромен чад како излегува од прозорецот. Влетав во зградата без оглед на исходот. Ја скршив вратата. Фала му на Бога, се’ помина одлично“, опишува Орландини.

Раскажа дека го нашла момчето, го гушнала и го извадила од зградата, на чист воздух.

Самата вели дека не знае од каде добила толку сила за да ја скрши вратата, а и пожарникарите биле изненадени.

Можете да прочитате

Русија и Јордан предупредуваат на опасност од регионална ескалација

Директните напади меѓу Иран и Израел завршија

Гутереш: Крајно време е да се запре опасниот циклус на одмазда на Блискиот Исток