Утрински Весник
Македонија

Гласањето се одвива без проблеми

Dik glasanje.png

Гласањето на болните и немоќните лица, како и на лицата кои се на издржување казна затвор за повторните локални избори се одвива без проблеми и на секој гласач му е овозможено непречано да го оствари своето право на глас, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

Според податоците пристигнати до ДИК до 15.30 часот, од вкупно 94 пријавени лица за гласање во казнено-поправните установи, гласале 44 лица.

Од вкупно пријавени 249 болни или немоќни лица за гласање во четирите општини, Гостивар, Врапчиште, Маврово – Ростуше и Центар Жупа, до 15.30 часот правото на глас го оствариле вкупно 242 лица. Две лица гласале во Центар Жупа, 66 болни или немоќни гласале во Маврово и Ростуше, 31 лице во Врапчиште и 143 лица во Гостивар. 

Можете да прочитате

Само една третина од граѓаните имаат навика да го селектира отпадот, прилепчани најактивни

Продолжен куќниот притвор на Артан Груби

МЕТЕОАЛАРМ НАЈАВА: Следуваат неколку значително топли денови