Утрински Весник
Спорт

Гиу најдобар стрелец во Конференциската лига

20241220081826 Big 730x400 99.webp.webp

Фудбалерот на Челзи, Марк Гиу стана најдобар стрелец по шест кола од генералната фаза на Конференциската лига.

Деветнаесетгодишниот Шпанец синоќа на дуелот со Шамрок Роверс постигна три гола за да заврши на првото место по ефикасност со шест гола на исто толку натпревари. 


Втор е Кристофер Нкунку исто така од Челзи со пет постигнати голови.

Пет гола постигнаа и Кшиштоф Пентек (Истанбул ББ), Афимико Пулулу (Јагиелонија), Милош Пантовиќ (Бачка Топола) и Џони Кени (Шемрок Роверс).

Челзи е прв на табелата со 18 бодови, Гимараеш е втор со 14, следуваат Фиорентина, Рапид, Ѓургарден и Лугано со 13.

Можете да прочитате

Македонските фудбалери против Турција во Истанбул на 1 јуни

Вардар со победа во Струга стави печат на шампионската титула

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија