Утрински Весник
Свет

„Ги поддржуваат терористите“, премиерот на Мали со критики кон француските власти на седницата на ОН

„Ги поддржуваат терористите“, премиерот на Мали со критики кон француските власти на седницата на ОН

Привремениот премиер на Мали, Абдулаи Маига, во своето обраќање на 77. сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк, со жестоки и навредливи зборови ги критикуваше француските власти, пренесуваат медиумите.

dobivaj vesti na viber

„Властите во Франција се длабоко антифранцуски, затоа што ги негираат универзалните морални вредности и се откажаа од хуманистичкото наследство, наместо тоа воспоставија хунта“, рече меѓу другото Маига, а пренесува Радио Франс Интернационал.

Премиерот на Мали ја обвини Франција дека „поддржува и вооружува терористи“ и ги инструментализира човековите права.

Можете да прочитате

САД и Кина договорија намалување на царините за 115 отсто за период од 90 дена

ПКК објави дека се самораспушта и го запира вооружениот конфликт против турските власти

Талибанците го забранија шахот – 24info.mk