Утрински Весник
Македонија

Германско МНР: Сакаме да ја видиме С.Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Germanija.png

Германското Министерство за надворешни работи на платформата „X“ нагласи дека сакаат да ја видат Северна Македонија во ЕУ и оти e важно земјата во моментов да продолжи со уставните измени.  -Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ. Државата иницираше важни реформи за да го постигне тоа и мора да продолжи по тој пат. Особено е важно за Северна Македонија сега да ги започне уставните измени, се наведува во постот на германското МНР, кој е објавен со фотографија од министрите за надворешни работи на двете држави, Бујар Османи и Аналена Бербок.

Можете да прочитате

Уапсен Македонец во Германија за грабеж, жртвата починала од тешки повреди

Сашко Кедев прогласен за „Европска личност на годината“ за 2025

Уапсени седум возачи за безобѕирно управување возило, пет возеле без дозвола и двајца со активна забрана