Полицаец во Германија останал без работа откако украл сирење од превртен камионОбјавено пред 37 минути – 3 јули, 2024Од В. Ј. / Макфакс
Полицаец во Германија останал без работа откако украл околу 180 килограми чедар од контејнер на превртен камион по сообраќајна несреќа.
На германскиот полицаец, кој беше отпуштен откако украде 180 килограми чедар од камион кој се преврте во сообраќајна несреќа, судот не му дозволи да се жали на пресудата.
Полицаецот, кој требало да го обезбеди местото на несреќата, му наредил на спасувачот да му даде девет пакувања од по 20 килограми сирење, чија вкупна вредност била околу 550 евра.
Тој однел некои од пакетите во својата канцеларија, но на некои пакети му се губи трагата, соопштија од судот во германскиот град Кобленц.
Се верува дека четирите пакети ги чувал за себе или за своите пријатели и роднини.
Полицаецот, кој рече дека не сака ни чедар, ја обжали пресудата.