Утрински Весник
Свет

Германија сака да го обесхрабри доаѓањето на бегалците, ќе им дава банкарски картички, а не готовина

Begalci.jpg
300x250 (7)

Германскиот парламент Бундестаг денеска одлучи дека во иднина на бегалците повеќе нема да им се исплаќа готовина за покривање на трошоците за живот, туку ќе им издава банкарски картички, што е наменето да спречи трансфер на пари во странство или исплата на шверцери на луѓе.

„Можете да платите за стоки и услуги со платежна картичка, но можноста за подигање готовина е ограничена и зависи од специфичните потреби“, рече министерката за внатрешни работи Ненси Фезер (Социјалдемократската партија на Германија СПД). Таа рече дека главната причина за воведувањето на платежните картички е да се оневозможи трансферот на готовина во странство, на пример на членовите на семејството или плаќањето на услугите на шверцерите на луѓе.

Img 5587

Сојузната влада минатата година ја договори оваа мерка со претставниците на сојузните покраини со надеж дека намалувањето на материјалните придобивки ќе ја намали и мотивацијата за бегалците да дојдат во Германија, чиј број минатата година повторно достигна рекордни вредности. Полицискиот синдикат (БДП) ја критикуваше мерката, плашејќи се дека бегалците ќе се обидат да го компензираат недостатокот на готовина со извршување на кривични дела.

„Финансискиот притисок врз бегалците, на пример, да испратат пари дома за медицински потреби на членовите на семејството или последователно да плаќаат за услуги на шверцерите на луѓе, нема да исчезне со ова, и постои страв дека тие ќе се обидат да добијат готовина на други начини. Не смееме да ги туркаме во криминал оние кои се погодени од овие мерки“, рече претседателот на БДП Јохен Конопке.

Претставниците на најголемиот опозициски претставнички клуб на Унијата на ЦДУ/ЦСУ гласаа против воведувањето на платежната картичка бидејќи според нив мерките „не одат доволно далеку“. Христијанско-демократската унија побара месечниот износ на подигнување готовина да биде ограничен на 50 евра.

Претставниците на Алтернатива за Германија го критикуваа овој закон, за кој сметаат дека е уште еден доказ дека сојузната влада ја промовира, а не ја ограничува илегалната миграција. „За нас сè уште важи: германски пари за германските граѓани, а не за целиот свет“, рече претставникот на АфД, Штефен Јаних.

Германскиот канцелар Олаф Шолц минатата година изјави дека целта на неговата влада е да се намали „нередовната миграција“ и да се зголеми бројот на депортации.

Ss1

Можете да прочитате

Гутереш: Израелската офанзива во Рафа би била неподнослива ескалација на ситуацијата

Меѓународниот суд на правдата во Хаг одби да и нареди на Германија да ја стопира воената и друга помош за Израел

Трамп казнет со 9.000 долари поради коментирање сведоци во текот на судењето