Утрински Весник
Свет

Германија размислува да купи уште осум ловци Ф-35, соопшти воен извор од Берлин

20240607093422 Big 730x400 35.webp.webp

Германија размислува да купи уште осум ловци Ф-35, произведени од американската одбранбена компанија „Локид Мартин“, кои ќе бидат дополнение на веќе нарачаните 35 авиони, изјави воен извор од Берлин за британските медиуми.

Берлин ги проучува трошоците за такво купување, додава воениот извор.

Невидливите ловци Ф-35 денеска се сметаат за најмодерни борбени авиони во светот.

Германија во 2022 година одлучи да нарача 35 ловци Ф-35, вклучувајќи проектили и друго оружје за околу 10 милијарди евра.

Ловците Ф-35 располагаат со современи сензори и друга опрема и според техничкиот производител „Lokhijd Martin“ речиси е невозможно да бидат следени со радар.

Со нив ќе се заменат застарените авиони „Торнадо“, единствениот германски авион способен да носи американски нуклеарни бомби, што се складирани во Германија, а германските воздухопловни сили ги користат од 1980-тите.

Новите ловци Ф-35 ќе бидат достапни од 2027 година во германската воздухопловна база во близина на западниот град Бухел.

Можете да прочитате

Лавров: Зеленски и Кулеба зборуваат спротивно за перспективата на преговорите со Русија

Блинкен се сретна со својот кинески колега Ванг Ји во Лаос

Евакуирана железничката станица Сен-Шарл во Марсеј поради оставен багаж