Утрински Весник
Свет

Германија го испрати системот за воздушна одбрана „Патриот“ во Полска во близина на украинската граница

Германија го испрати системот за воздушна одбрана „Патриот“ во Полска во близина на украинската граница

Германија денеска ги испрати првите две од трите планирани единици за противвоздушна одбрана „Патриот“ во полскиот град Замошќ во близина на украинската граница, каде што ќе бидат распоредени за да се спречат залутани ракетни напади.

dobivaj vesti na viber

Откако во ноември минатата година две лица беа убиени од заскитан украински проектил што го погоди полското село Пржеводов, а инцидентот предизвика стравувања дека војната во Украина ќе се прелее преку границата, Берлин понуди да распореди три од своите единици Патриот во Полска за да помогне во обезбедувањето нејзината воздушна одбрана, пренесува Ројтерс.

„Една од причините зошто Германија сега ќе го поддржи источното крило на НАТО во Полска со патриотите е секако затоа што видовме колку брзо конфликтот меѓу Русија и Украина може да се прелее во земјите-членки на НАТО“, изјави полковникот Јерг Сиверс пред испраќање патриотите.

Сиверс, кој ќе командува со германската единица во Полска, ја подвлече одбранбената природа на системот Патриот.

„Патриот е строго одбранбен систем и се надеваме дека ќе можеме да обезбедиме доволно заштита таму за да спречиме напади или несреќи како оној во ноември“, додаде тој.

Можете да прочитате

Портпаролот на терористичката „ИД“ го пофали нападот што го изврши во концертна сала во московскиот регион

Трагедија во Јужна Африка: 45 лица загинаа во автобуска несреќа

Илјадници налози на Телеграм блокирани поради повици на терористички напади