Утрински Весник
Свет

Германија ќе затвори четири од петте руски генерални конзулати

Германија ќе затвори четири од петте руски генерални конзулати
Ss2

Берлин најави затворање на четири од петте руски конзулати во Германија и на три свои во Русија, пренесува „РИА Новости“

dobivaj vesti na viber

„Само Руската амбасада во Берлин и еден од петте руски конзулати во Германија ќе продолжат да работат,“ изјави портпаролот на германското Министерство за надворешни работи, Кристофер Бургер.

300x250 (7)

Бургер објасни дека оваа мерка е реакција на барањето од Москва според кое Германија треба да го намали бројот на вработени во својата дипломатска мисија на 350 лица. На дипломатите ќе им биде дадено рок до крајот на годината да ги намалат активностите.

Според новите мерки, Германија ќе ги затвори своите конзулати во Калининград, Новосибирск и Екатеринбург, а отворени ќе останат само конзулатите во Москва и во Санкт Петербург.

„Руското Министерство за надворешни работи ќе даде изјава по ова прашање“, изјави за РИА Новости портпаролката на министерството, Марија Захарова.

На крајот на април, Берлин прогласи повеќе од 20 руски дипломати за персона нон грата. Москва на ова одговори со реципроцитетно протерување на вработени од германската амбасада, а побара и да се ограничи максималниот број вработени во германските институции во Русија.

Потегот на Берлин претставува нагло намалување на билатералните врски со Русија во услови на поширок колапс во односите по руската инвазија на Украина минатата година.

Германското Министерство за надворешни работи ја обвини Москва за ескалација на тензиите со ограничувањето на бројот на службеници на кои им е дозволено да работат во Русија.

„Оваа неоправдана одлука ја принудува германската федерална влада значително да го намали своето присуство во Русија во сите области“, рече портпаролот на министерството.

Односите меѓу Русија и Германија, која порано беше најголемиот купувач на руска нафта и гас, се влошија по руската инвазијата во февруари 2022 година, на која Западот одговори со санкции и со снабдување на Украина со оружје.

Германија планира повлече голем број вработени кои работат во нејзините мисии во Русија откако Москва воведе ограничувања на бројот странски работници, вклучувајќи ги наставниците и вработените во институтот „Гете“.

 

Ss1

Можете да прочитате

Почина бебето кое беше извлечено живо од утробата на мајката убиена во Газа

Трамп e подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со Орбан

Шпанија ќе испрати мал број ракети „Патриот“ во Украина