Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Германците првпат светски шампиони во кошарка по фантастичната победа над Србија

Германците првпат светски шампиони во кошарка по фантастичната победа над Србија
Img 7972

Германија по првпат во својата историја станаа светски шампиони во кошарка, откако по финлето во Манила, со далеку подобра игра во второто полувреме со 83:77 (23:26, 24:21, 22:10, 12:20) ја совладаа Србија, која одеше на прва титула како самостојна држава по победата во 2002 година како СР Југославија.

dobivaj vesti na viber

Двете репрезентации беа помалку изненадувачки финалисти – Германците во полуфиналето ја „шутнаа“ репрезентацијата на САД, додека Србите беа подобри од Канада, и во првото полувреме се играше доста ефикасно и израмнето на двете страни. Меѓутоа, во третата четвртина, Србите постигнаа само 10 поени, а Германија се одлепи на 12 поени разлика, кои потоа беа тешко да се надополнат.

Меѓутоа на нешто повеќе од една минута од мечот, Германците има 78:75, но ја загубија топката, по што Србија не успеа да го реализира нападот, за да се потврди победата.

Денис Шредер беше вистинска ѕвезда за Германците со 25 поени и два скока, додека Фриц Вагнер заврши со 19 поени, додека Србите ги предводеше Алекса Аврамовиќ со 19 поени.

Бронзата на Мундобаскетот претходно отиде кај Канада, која го остави САД без медал на два шампионати во низа.

Можете да прочитате

Барди со мајсторски потег ја спаси вечерта – Македонија ремизира со Казахстан!

Барселона ќе ја чека пекол во Битола – влезниците продадени за осум минути

Арената се полни, Македонија ќе го пречека Казахстан пред полн стадион