Утрински Весник
Свет

Германци го заборавиле синот на пат во Хрватска: таткото се вратил во автомобилот, не видел дека детето е надвор

Германци го заборавиле синот на пат во Хрватска: таткото се вратил во автомобилот, не видел дека детето е надвор

Вчера околу 08:50 часот во Полициската станица „Славонски Брод“ при подружница Врпоље е пријавено дека е оставено дете на простор за одмор покрај главниот пат А3 во Славонски Брод, пишува Н1 Загреб.

dobivaj vesti na viber

На местото на настанот пристигнале полициски службеници кои ја потврдиле вистинитоста на пријавата.

Потоа дознале дека се работи за 17-годишно момче (германски државјанин), кое било оставено во одморалиштето.

Имено, автомобилот со германски регистарски таблички го управувал таткото (51 година), додека во возилото имало уште двајца членови на семејството (мајка и постариот брат, кои спиеле). Таткото излегол во одморалиштето, потоа се вратил во автомобилот и продолжил да вози на запад, во тој момент не знаел дека и момчето излегло, јавува Н1 Загреб.

Момчето го оставило мобилниот телефон во автомобилот, а телефонските броеви на членовите на семејството не ги знаел на памет.

Полициските службеници за настанот веднаш ги известиле останатите полициски патроли за што поскоро да го пронајдат семејството.

Тие му помогнале и на момчето и го пренеле во полициска станица каде преку социјалните мрежи контактирале со членовите на семејството.

По успешната комуникација меѓу полицајците и таткото, кој во Лужан сфатил дека момчето го нема, семејството се вратило и го земало момчето околу 10.50 часот“, соопштија од полицијата.

Можете да прочитате

Избодени неколку лица во Велика Британија: Меѓу повредените има и деца

Железничка несреќа: Воз излета од шините во близина на Волгоград, сто луѓе се повредени

Дарманен: Екстремисти од крајната левица најверојатно стојат зад саботажата на француската железница